ВНИМАВАЈТЕ: Пасивно вдишување на марихуана му штети на срцето и крвните садови!
Вдишувањето на димот од марихуаната од околината може да предизвика оштетување на срцето и крвните садови, објавија научници од Универзитетот на Калифорнија.
Според нивните зборови, пасивното пушење на марихуана има слично негативно влијание на кардиоваскуларниот систем и пасивно пушење на обични цигари.
Лабараториските тестирања спроведени на животните покажале дека изложувањето на димот од марихуана поголем од 30 минути доведува до 70 постотно смалување на функциите на крвните садови, што за последица има зголемување на ризикот за атеросклероза и инфаркт.
Инаку, досега четири американски сојузни држави ја легализирале рекреативната конзумација на марихуана, а нејзината употреба во медицински цели е легализираниа во 23 сојузни држави.
