Внимателно возење: Работа на пат и можни одрони!
Сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на планинските превои Буково, Стража, Маврово и Крушево, но снегот не се задржува на коловозот, информираат од Македонија пат.
Утре, на патниот правец Охрид - Кичево меѓу Врбјани и Пресека, заради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13-14 часот.
Намалена видливост поради магла до 150м. има на планинскиот превој Плетвар.
Додека во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
Слично
