Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАНИЕ: Нов опасен вирус се шири на Фејсбук

ВНИМАНИЕ: Нов опасен вирус се шири на Фејсбук

Последниве два дена на социјалната мрежа Фејсбук се шири опасен вирус кој ве повикува да кликнете на линкот и да ја погледнете  порнографската содржина. Видеото е насловено како „Private leaked xxx video“, или „See my private video“.

Вирусот станува опасен доколку ја отворите содржината во пораката.

Оние што ќе ја отворат содржината ќе бидат пренасочени кон канал сличен на оној на YouTube кој ќе побара инсталирање на Flash player. Вирусот ја користи ситуацијата со неодамнешното протекување на видеа и фотографии од познати личности за да привлече внимание.

Се претпоставува дека се работи за вирусот Тројанец, а овој вирус веќе го пријавиле околу 2 милиони корисници.
Слично

Поврзани вести