Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАНИЕ: Дозволеното ниво на афлатоксин во Србија зголемено заради поплавите

ВНИМАНИЕ: Дозволеното ниво на афлатоксин во Србија зголемено заради поплавите
Според новиот правилник кој стапи на сила во Србија, максимално дозволеното ниво на афлатоксин во млекото е зголемено од 0,05 на 0,25 микрограми на килограм, објави српското Министерство за земјоделство. Правилникот со кој за петпати се зголемува толеранцијата за афлатоксини во млекото стапил на сила на 15 јули, а ќе се применува до крајот на годинава. Одлуката ја донело Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, во согласност со Министерството за здравство. Претходно, од 1 јули стапи на сила правилникот со кој дозволеното ниво на афлатоксини беше намалено од 0,5 на 0,05 микрограми на килограм. Но, на ова реагираа земјоделците според кои ваквиот праг нема да може да се исполни заради поплавите кои ја зафатија земјата.
Слично

Поврзани вести