Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимателно возење: Магла во Крушево, поситни одрони по патиштата

Внимателно возење: Магла во Крушево, поситни одрони  по патиштата
Утрово сообраќајот низ државата се одвива тековно во зимски услови и на места по влажни коловози, информираат од АМСМ. Се препорачува внимателно возење кон Крушево каде поради маглата има видливост од 50 до 100 метри.Ист така посебно внимание е потребно по клисурите и засеците каде е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. На патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово, поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Според најавите овој зафат че трае еден месец.
Слично

Поврзани вести