Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата
Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазароте еден од најзначајните предуслови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив раст на домашната градежна индустрија. Ова е една од клучните заложби на учесниците на конференцијата „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, организирана од Цементарница УСЈЕ, во функција на обележување на 60-годишнината од почетокот со работа.
- Градежната индустрија е значаен двигател на економскиот развој на земјата. Поради ваквото нејзино значење, добро е што оваа гранка од индустријата се потпира врз силни компании кои имаат капацитет, знаење и големо искуство и кои континуирано вложуваат во производство на квалитетни градежни материјали. Во насока на континуирано креирање на поволен амбиент за натамошенразвојнаоваагранка,Министерството за економија подготви нов Закон за градежните производи, кој е усогласенсоновите регулативи во законодавствотона ЕУи ќепридонесевопоедноставувањенаадминистративнитепостапки, скратувањенавреметопотребнозадобивањенаименувањенателата и е вофункцијаназголеменаефикасностзаконтрола и сузбивањенаситетехнички и трговскибариеривоовааобласт. Ситеовиеаспекти, верувамдекаќепридонесатзапонатамошенраст и развојнаградежнатаиндустрија - изјави министерот за економија Беким Незири.
Претставницитеод институциите, стручните и научни организации и тела од областа на градежништвото, како иградежни компании кои земаа учество на конференцијата,презентираа податоци и стручни анализи кои јасно потврдуваат дека градежните материјали кои се произведуваат во Македонија, меѓу кои и цементот, се со висок квалитет.„Во Република Македонија се донесени сите стандарди за квалитет за индустријата за градежни материјали и тие се дел од се законската регулатива на земјата, која во голем дел е усогласена со законодавството на ЕУ“, децидeн е проф. д-р Тони Арангелевски од Градежниот факултет и член на Техничкиот комитет ТК 25 во Институтот за стандардизација.
- Цементарница УСЈЕ во континуитет вложува обемни средства, знаење и иновации во обезбедување на висок квалитет на своите производи. Тоа е нашата клучна стратешка определба за која имаме целокупна поддршка од нашата групација ТИТАН, преку која ни се на располагање искуствата и најновите светски индустриски трендови, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ, искажувајќи посебна благодарност до сите институции и стручни тела надлежни за контрола на квалитетот на градежните материјали во земјата, за досегашната соработка во областа на обезбедување на посакуваното ниво на квалитет на постојните и развој на нови производи.
Учесниците на конференцијата ја поздравија иницијативата на УЈСЕ за ваков вид дијалог меѓу бизнис секторот, институциите и стручната јавност и се заложија занегово продолжувањеи продлабочување во функција на поуспешно следење и примена на современите трендови, но и во изнаоѓање ефикасни решенија за предизвиците кои можат да ги нарушат перспективите за натамошен развој на домашната градежна индустрија.



