Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на САД обезбеди 16 милиони долари за анти - корупција, иницијативи за млади и економска конкурентност

Владата на САД обезбеди 16 милиони долари за анти - корупција, иницијативи за млади и економска конкурентност

Денеска американската амбасада соопшти дека обезбеди 16 милиони американски долари за Северна Македонија наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност. Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот преку кој ќе се поддржат:

§активности на централната и локалната власт за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност;

§работата на Државната изборна комисија да спроведе слободни и фер избори и да го следи финансирањето и трошењето на политичките партии за време на изборите;

§граѓанските организации за да се вклучат конструктивно во јавните политики и практики за поголема отчетност и владеење на правото;

§Министерството за образование и наука за да промовира меѓуетничка кохезија и граѓанска култура кај децата и младите; и

§законската рамка за производство на обновлива енергија, за да помогне да се зголемат инвестициите во домашно производство на електрична енергија, да се намали зависноста од увоз на енергија и да се овозможи одржлив енергетски систем.

„Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија“, рече амбасадорката Кејт Мари Бирнз. „Со борба против корупцијата, создавање можности за младите и поддршка на економскиот развој, ние се обидуваме да и помогнеме на Северна Македонија да го постигне својот потенцијал како просперитетна европска земја целосно интегрирана во трансатлантските институции“.

“Го цениме проширувањето на партнерството со Соединетите Американски Држави и залагањето за постигнување заеднички цели “, изјави министерката Ангеловска.

„Овој договор е доказ за нашето партнерство, сега и од позицијата на НАТО созјузници.

Оваа соработка за нас е од големо значење, особено во новото глобално окружување креирано од Covid-19 на кое треба да одговориме и да продолжиме со прогресот и нашиот пат https://www.usaid.gov/north-macedoniaи следете нѐ на Твитери Фејсбук.

Слично

Поврзани вести