Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата и в година ќе дели по 700 денари за потрошена енергија за социјалците

Владата и в година ќе дели по 700 денари за потрошена енергија за социјалците
Во Буџетот за 2014 година одвоени се вкупно 80 милиони денари за суб­вен­ции за потрошена енергија која е наменета за 10 илјади корисници на со­ци­јал­на парична помош и на постојана парична помош, пишува Вест. Заклучно со јули го­ди­на­ва, вкупниот број на корисници на правото на социјална парична по­мош (35.619) и на постојана парична помош (5.648) изнесува 41.267 ко­рис­ни­ци. Причините што субвенциите во Буџетот се проектираат за 10.000 ил­ја­ди корисници, наместо за 41.267, според Министерството за труд и со­ци­јал­на политика, е што големиот број од корисниците не успеваат да ги ис­пол­нат условите да ја добијат субвенцијата, бидејќи не ги плаќаат смет­ки­те. Секоја година, по донесување на Буџетот, Владата носи и програма за субвенционирање на потрошувачката на енергија. На пример, во прог­ра­ма­та за 2013 година, стои дека корисник може да биде оној што ги платил смет­ки­те од 1 јануари до 31 декември 2013 година. Ако износот на смет­ка­та е помал од 700 денари, тогаш на корисникот му се исплаќа субвенција до износот на сметката.
Слично

Поврзани вести