Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкусно е, а Кумановско – вечерва во Куманово

Вкусно е, а Кумановско – вечерва во Куманово

Вечерва во Куманово ќе се одржи манифестацијата „Вкусно е, а кумановско“ во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, Здружението на граѓани на „Гласот на селото“, земјоделското училиште „Киро Бурназ“ и „Етно Беба“.

Целта на манифестацијата е негување на кумановските обичаи, подготовка на локална здрава храна и зачувување на културните и традиционалните вредности на кумановскиот регион.

- Програмата ќе започне со презентација на традиционална храна подготвена од здрави и еколошки производи кои потекнуваат од кумановскиот регион. Во меѓувреме посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со атрактивните места кои се потенцијали за развој на руралниот туризам во кумановско, изјави Гордана Митровска од „Етно Беба“.

Освен презентација на храна пред присутните ќе бидат презентирани и уметнички ракотворби изработени од учесничките. Манифестацијата индиректно придонесува за поттикнување и развој на  земјоделството и сточарството во регионот, како и во делот на поттикнување иницијативи за отварање и развој на мали и средни претпријатија кои ќе произведуваат здрава храна, а ќе придонесат за развој на руралниот и еко туризмот. Организаторите најавуваат дека манифестацијата ќе биде традиционална.

Слично

Поврзани вести