Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно шест медали од кои едно двојно злато за ВВ „Тиквеш” во Кина

Вкупно шест медали од кои едно двојно злато за ВВ „Тиквеш” во Кина

Добропознатото црвено „Т’га за југ“ - берба 2019-та од ВВ „Тиквеш“ доби двоен златен медал на најголемиот и најпрестиженкинески вински натпревар кој се одржа во Хонг Конг- „ChinaWine&SpiritsAwards Best Value 2021“. Покрај ова највисоко признание, со злато беа наградени и „VranecSpecialSelection“ од бербата 2018-та; „CabernetSauvignonSpecialSelection“2019-та, како и „DomaineLepovoGrandCuvée“2016-та. Дополнително, сребрен медал беше доделенза „VasedePierre“ од 2018-та, додека пак со бронза се здоби „Тerrasse a l’Ombre“ од бербата 2018-та.

Двојниот златен медал, што е највисоко признание кое се доделува на овој вински натпревар, „Т’га за југ“ го освои во конкуренција со најпознатите светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од тим од 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари.Во процесот на издвојување на вината со најголема вредност се оценува нивниот квалитет, но истовремено се зема предвид и цената. Освоените награди претставуваат препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.

Оценувачите на „ChinaWine&SpiritsAwards Best Value 2021“ заедно продаваат 75 милиони шишиња вино и алкохолни пијалаци годишно, со што овој натпревар станува највлијателен за продажба на вино и алкохолни пијалоци во светот.

Ова евтор меѓународен натпревар на кој учествува ВВ „Тиквеш“со своите вина оваа година, постигнувајќи значителен успех.Имено,на мартовскиот „Мундус Вини“ во Германија, вината на „TikvešChâteaux&Domainеs“освоија три златни медали и две специјални награди. ВВ „Тиквеш“која е најнаградуваната винарница во поширокиот регион,во 2020-та година освои130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

Слично

Поврзани вести