Економија, финансии, бизнис

Контакт

Витези и принцези го окупираа замокот во главниот град!

Витези и принцези го окупираа замокот во главниот град!

Секојдневната градска монотонија најчесто ни создава несекојдневни желби и фантазии да се впуштиме во неочекувани авантури во срцето на урбаното Скопје. Очигледно во Скопје Сити Мол, соновите стануваат реалност. Главниот град конечно доби можност да биде дел од една од најпривлечните атракции во Македонија до сега: Детско Кралство!Кој не посакува ден исполнет со звуци на нескротливи змејови, или пак храбри витези кои се борат за раката на прекрасни принцези кои ја кријат својата убавина во високи кули на средновековензамок?

vitezi1

Детското Кралство кое се отвори за јавноста на 25ти август, на едно место ги собра своите најверни и најискрени поданици: децата на возраст од 6 до 11 години кои заедно со своите родители секој ден брзаат да се пријават за организираните тури пред големиот замок во молот.

vitezi3

„Не можам да замислам подобар почеток на учебната година за мојот Никола. Атракцијата не само што има забавен карактер, туку истата пројави интерес кај син ми да научи нешто повеќе за средновековниот историски период и за сите обичаи кои ги имале луѓето во тоа време. Навистина уникатно и несекојдневно искуство, кое се надевам ќе го искусиме повторно во иднина во некоја друга форма, со друга поразлична и уште поинтересна тематика,“ изјави Александра, посетител во молот и мајка на 7 годишниот Никола кој брзаше да го јавне “страшниот” змеј во молот и да ја облече својата витешка наметка.

vitezi2

Сити Мол им посакува успешен почеток во новата учебна година на своите најмлади посетители со интерактивната средновековна поставка.

vitezi4

Учеството во оваа витешка авантура е бесплатно и истата ќе трае до 15ти септември, секој ден од 10 до 22 часот, а сите заинтересирани родители кои сакаат да ги изненадат своите најмали членови на семејството, имаат шанса да ги пријават пред големиот замок во било кое време.Поради големиот интерес првата тура ќе започнува во 10:00 часот, а последната тура во 20:00 часот.

vitezi5

Повеќе информации можат да се пронајдат на http://www.skopjecitymall.mk/kralstvo/

Слично

Поврзани вести