Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виталиа избрана за компанија која нуди најдобар квалитет на македонскиот пазар

Виталиа избрана за компанија која нуди најдобар квалитет на македонскиот пазар
Водечката компанија за здрава храна Виталиа од страна на реномираната швајцарска организација ICERTIAS е избрана за компанија кој нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар и е добитник на престижниот QUDAL – QUality meDAL 2014/2015. На првото истражување на QUDAL во Македонија кое имало за цел да го мери искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за компаниите кои го нудат највисокиот квалитет на пазарот, Виталиа освои најмногу гласови од учесниците во истражувањето. Во конкуренција со интернационални и локални брендови, Виталиа е избрана за Бр.1 ПО КВАЛИТЕТ во 4 категории, и тоа: мусли за појадок, житарки за појадок, сушено овошје и еколошка и органска храна.
„Горди сме на ова признание и нè радува фактот што македонските купувачи го препознаваат квалитетот на брендот Виталиа. Како лидери на пазарот со 20 годишно искуство и традиција за здрава храна и понатаму ќе продолжиме со следење на потребите на потрошувачите и грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и оригинални производи. Овие награди се признание за напорната работа која целокупниот тим на Виталиа ја вложува при создавањето здрави и иновативни продукти, и се огромен мотив да продолжиме понатака кон нови успеси”, изјави Искра Ветаџокоска – Муцинска, управител и ко-сопственик на Виталиа.
Фактот дека Виталиа е наградена во неколку категории, говори за квалитетното работење, велат од компанијата.
Слично

Поврзани вести