Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виталиа го имплементира IFS меѓународниот стандард за квалитет и безбедност на храната

Виталиа го имплементира IFS меѓународниот стандард  за квалитет и безбедност на храната

Виталиа е првата компанија за здрава храна во Македонија, која го имплементира реномираниот IFS (International Food Standard) меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храната.

Со исполнувањето на условите за добивање на овој престижен сертификат се олеснува пристапот до пазарите на Европската Унија.

„Воведувањето на IFS стандардот на компанијата Виталиа ќе и помогне за подобрување на комуникацијата со трговците кои ги снабдуваат големите европски маркети и синџири на продавници. Овој стандард во Европа доведе до масовна примена: од една страна поставен како пазарна бариера, а од друга страна, како супериорна стратегија за унапредување на конкурентноста и ефикасноста, намалувањето на трошоците и долгорочно одржливиот развој.”, велат од компанијата.

Слично

Поврзани вести