Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вистинскиот лидер им помага на луѓето да растат и да напредуваат, Тони Стојановски, НЛБ Банка во поткастот на М6, Step Forward

Вистинскиот лидер им помага на луѓето да растат и да напредуваат,  Тони Стојановски, НЛБ Банка во поткастот на М6, Step Forward

„Луѓето очекуваат брзи одлуки, особено кога те следат... Исклучително е вредно да се слушаат луѓето од тимот, бидејќи да се води еден тим не значи дека одлуките и насоките одат едносмерно - секогаш е двосмерно. На крајот сите треба  да бидеме убедени во нешто за да можеме да го исполниме. А тоа е нешто што се учи низ годините…“ вели Тони Стојановски, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје во  поткастот на М6 Step Forward.

Со повеќе од 30 години искуство во банкарскиот сектор на различни раководни позиции, Стојановски зад себе има исклучително богата професионална кариера. Во разговорот споделува лични видувања и практични примери за тоа како, преку инклузивен процес на работење, се создаваат и водат успешни тимови, како се гради доверба со клиентите и вработените, за вистинското значење на лидерството,за факторите за оддржување стабилност во еден динамичен финансиски свет, но и за клучните вредности за одржлив успех.


Па во контекст на тоа, Стојановски ќе рече дека токму пристапот кон луѓето,начинот на комуникација со вработените, клиентите и соработниците се клучни за успешно функционирање на една современа финансиска институција. Способноста да се слуша, да се мотивира и да се гради доверба станува подеднакво важна како и професионалната експертиза. Преку личен пример на континуирана едукација, постојано надоградување и посветеност, Тони Стојановски се стреми своите професионални и лидерски вредности да ги преслика и во организациската култура, пренесувајќи ги и на вработените во НЛБ Банка. На тој начин создава средина што ги мотивира тимовите заеднички да растат, да соработуваат и да градат стабилен и успешен банкарски систем. „Важно е да се почитуваат луѓето на начин  на кој ќе  се почувствуваат почитувани, бидејќи само така можат да бидат корисен и продуктивен дел од тимот“ - порачува тој.

Истовремено, Стојановски става силен фокус на младите и нивната иднина во банкарскиот сектор – како да се охрабрат да го трасираат својот професионален пат, да веруваат во сопствениот потенцијал и да бидат вредни и трпеливи на патот кон успехот. Тој ги поттикнува храбро да ги искористат можностите што ги носи модерното банкарство и да гледаат на секој предизвик како на нова можност за раст. Лидерството и животното искуство, се еден процес кој бара време и ситуации за да се дојде до одредено ниво….и да се научи како да се реагира во одредени кризи и непредвидливи околности.. „И тоа е нешто што се  учи со годините’ – ќе заклучи Стојановски.

ПР објава

Слично

Поврзани вести