Економија, финансии, бизнис

Контакт

Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе оствари средба со ЕВН Македонија

Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе оствари средба со ЕВН Македонија

Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе ја посети компанијата за

дистрибуција и снабдување со електрична енергија на Македонија – ЕВН
Македонија.

„Заинтересирана за доброто на сите граѓани во државата, Движењето БЕСА е
длабоко загрижена за проблемите што ги изразуваат граѓаните во врска со
снабдувањето и плаќањето на електричната енергија, особено за цената
која граѓаните се принудени да ја плаќаат кон оваа компанија.

Поради оваа причина, Движењето БЕСА пред да ги поддржува протестите на
граѓаните и нивните барања од оваа институција, ќе се ангажира на
институционален начин, преку директна комуникација со оваа компанија и
другите институции на овој сектор, да најде начин како да се реализираат
барањата на граѓаните“, соопштуваат од БЕСА.

Движењето БЕСА, во согласност со нејзината платформа и одредените
принципи, како што информираат ќе се ангажира со сите свои капацитети да биде во служба на граѓаните, за тие да имаат еден поквалитетен живот, со подобри услуги  и
повисок животен стандард, со што граѓаните ќе имаат еден вистински достоинствен живот.

Слично

Поврзани вести