Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вип со нови тарифи за сурфање со 3Г стик

Вип со нови тарифи за сурфање со 3Г стик
Нови тарифи за сурфање со 3 Г стик на новата 3Г ХСПА мрежа, денеска претстави ВИП операторот. Со новата тарифа Вип Интернет за месечна претплата од 499 денари со вклучени 5 GB податочен сообраќај може да се користи интернет со брзина од 4  Mbps. На оние кои имаат потреба од поголем интернет сообраќај и поголеми брзини, Вип им го нуди тарифниот модел Вип Интернет плус во кој за месечна претплата од 999 денари корисниците добиваат 20  GB  податочен сообраќај со брзини до 20  Mpbs. По надминување на сообраќајот вклучен во претплатата, дополнително не се плаќа, туку брзината се намалува. Секој корисник кога се доближува до лимитот на својата тарифа ќе добие нотификација преку СМС порака. Од компанијата се нуди можност за пробен период на услугата Вип Интернет со 3 Г стик и можност корисниците да го вратат стикот доколку не се задоволни, без дополнителни трошоци освен остварениот сообраќај. Корисницте кои ќе потпишат договор на 24 месеци ќе можат во промотивен период од денеска до 31 јануари следната година да го вратат стикот без дополнителни пенали освен остварениот сообараќај.„Што е интернет за мене?“ е темата на која ќе се натпреваруваат малди од 6 до 18 години а најкреативните 100 ќе добијат notebook компјутери со 100 бесплатни едногодишни претплати на интернет.  
Слично

Поврзани вести