ВИП: Шест месеци бесплатно сурфање со 3Г брзини
Бесплатно сурфање со 3Г брзини на својот компјутер или лаптоп во следните шест месеци добиваат сите корисници на ВИП операторот кои од денес до 28 февруари ќе склучат договор за широкопојасен мобилен интернет.
По истекот на периодот од шест месеци, во зависност од избраната тарифа, корисниците продолжуваат да плаќаат само месечна претплата и тоа: 499 денари за вклучени 5 GB интернет сообраќај или 999 денари за вклучени 20 GB интернет сообраќај со супер 3Г брзина.
Заедно со бесплатниот интернет, во промотивниот период, корисниците бесплатно добиваат и еден од трите уреди за мобилен интернет од понудата на ВИП – Водафон сурфстик – со овој уред корисниците имаат брз и едноставен пристап до интернет на својот компјутер или лап-топ, со брза 3Г конекција или Водафон 3Г мобајл конект – со кој корисниците ги приклучуваат своите ви-фи уреди на интернет и брзо и лесно креираат лична ви-фи зона, без разлика каде се наоѓаат. Може да се одбере и ВИП 3Г хом конект - уред за споделување интернет дома со своето семејство за 5 корисници за само една месечна претплата.
За да можат корисниците целосно да ги контролираат своите сметки, останува правилото – по надминување на интернет сообраќајот вклучен во месечната претплатата, дополнителното сурфање не се наплаќа, туку само се намалува брзината, а кога се наближува лимитот на остварен месечен интернет сообраќај, корисникот добива нотификација преку СМС порака во реално време.
Слично
