Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИП постпејд тарифи без обврски за времетраење на договорот

ВИП постпејд тарифи без обврски за времетраење на договорот
Почнувајќи од денес сите нови постпејд корисници на Вип имаат можност да изберат од новите Vip Free + постпејд тарифни модели кои нудат неограничена комуникација, при што најголемата предност е можноста корисниците да уживаат во слободна комуникација без обврски за минимално времетраење на договорот. Во зависност од избраниот тарифен модел, покрај неограничените бесплатни минути во мрежата на Вип и бесплатни минути кон сите мрежи, Вип им нуди на корисниците и бесплатни СМС пораки, бесплатни минути и СМС пораки за меѓународен сообраќај, како и вклучен 3Г интернет. Така, на пример во тарифиниот модел Vip Free+ M за месечна претплата од само 379 денари, постпејд корисниците добиваат неограничен број на минути во мрежата на Вип, 200 минути кон сите национални мрежи, како и 3Г интернет со 100 МБ вклучен интернет сообраќај. За корисниците достапни се и следните тарифни модели: Vip Free+ S со месечна претплата од 229 денари, Vip Free+ L за 599 денари месечно, Vip Free+ XL за 999 денари месечно и Vip Free+ NoLimit со месечна претплата од 1799 денари, која во рамки на претплатата вклучува неограничени минути и СМС пораки кон сите мрежи, 10 GB 3Г интернет и 200 минути меѓународни разговори. Воспоставувањето на повик не се наплатува. -Најновата постпејд понуда, без временски ограничувања и обврски, е уште едно иновативно решение излезено од Вип кое поставува нов стандард на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги и јасно ја покажува нашата посветеност кон корисниците кои во изминатиот период во континуитет ги препознаваа вредностите и предностите на Вип. Иновативноста е заштитен знак на Вип, па и во иднина ќе продолжиме да креираме услуги кои не само што ги задоволуваат туку и ги пресретнуваат потребите на пазарот, секогаш обезбедувајќи повеќе придобивки и повеќе избор“ – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип.
Слично

Поврзани вести