„Винска визија на отворен Балкан“- единствена можност за развој на вашиот вински бизнис!
Вториот меѓународен саем за вино „Винска визија на отворен Балкан“ ќе се одржи од 16 до 19 Ноември 2023 година на саемот во Белград, под покровителство на владите на Република Србија, Северна Македонија и Албанија. Белград ќе биде во фокусот на европската и светската јавност како главен град на виното, винскиот туризам и познатата гастрономија, а Србија повторно ќе крене чаша високо, во чест на најуспешната винска манифестација која го слави успехот и умешноста на винската индустрија.
Веќе сега „Винската визија на отворениот Балкан“стои рамо до рамо со трите најголеми вински саеми во Европа. Минатата година на првиот саем се собраа повеќе од 350 изложувачи, од кои повеќе од 230 преставници беа од земјите на Иницијативата Отворен Балкан. Благодарение на исклучителниот успех на претходниот настан, во ноември годинава „Винска визија на отворениот Балкан“ ќе биде домаќин на повеќе од 530 изложувачи, а покрај винариите и дестилериите, ќе се престават и дистрибутери, претставници на синџирите HoReCa и реномирани институти од повеќе од 20 земји. Успехот на „Винската визија на отворениот Балкан“ се заснова на фактот дека саемот дава непроценлива можност за воспоставување врски, размена на идеи и создавање деловни можности кои ја обликуваат иднината на винската индустрија. Саемот „Винска визија на отворен Балкан“ се заснова на идејата за партнерство и соработка. Токму поради ова, саемот нема само изложбен карактер, туку клучен сегмент е можност за деловни средби, како и запознавање со винската сцена на Балканот, па затоа првиот ден од настанот е исклучиво резервиран за професионалци во бизнисот со вино.

Од семејни вински куќи, до гиганти од HoReCa, увозници до дистрибутери, љубители на вино до судии за вино, овој настан обезбедува ретка можност за вмрежување на сите нивоа, како платформа за зајакнување на постоечките односи и создавање нови деловни сојузи во регионалната и глобалната винска сцена.Преку директни интеракции, професионалците можат да откријат нови трендови на пазарот, да научат за иновациите и технологиите и да создадат цврсти основи за понатамошен раст на винската индустрија.
За ренесансата на домашната винска индустрија најдобро говори фактот што годинава на најголемата и најпрестижната светска евалуација на виното во Лондон, „Decanter World Wine Awards “, Србија го постигна најголемиот успех досега, освојувајќи 5 златни и 38 сребрении 59 бронзени медали. Со „Декантер“, вината од Србија за првпат го добиваат заслуженото внимание на меѓународните експерти и медиуми, како Лука Гардини, Питер Мозер и „Фалстаф“, кои со голема почит ги претставуваат автохтоните сорти на Србија, но и меѓународните сорти, што според нивното мислењеим конкурираат на најголемите вински региони во светот.

Винскиот туризам, заедно со гастрономијата, пред се им дава суштинска автентичност на туристичките дестинации, а тоа е она што денешните туристи најмногу го бараат и без што не можат модерните туристички дестинации.
Балканските кулинарски традиции вклучуваат оригинално, здраво подготвување на домашни јадења, од состојки од природно, органско одгледување, според рецептите на предците. Во согласност со гастрономските визии на врвните готвачи, ширум регионот, сите присутни ќе имаат можност да вкусат специјалитети кои зрачат со кулинарска вештина и наследство, а кои ќе ги подготват на лице место готвачите на Мишелин.
Традицијата на ракијата е незаменлив сегмент од балканската автентичност, вклучена во листата на УНЕСКО - организацијата на Обединетите нации за заштита на културното и историското наследство. Најдобрите ракии во Србија можат да се споредат со најпрестижните француски коњаци и шкотските виски. Тие освојуваат награди на саеми ширум светот, а нивниот огромен економски потенцијал ќе биде претставен на „Винска визија на отворен Балкан“.
Стимулирачкото опкружување на Wine Vision претставува единствена можност да го претставите вашиот вински бизнис, да стекнете нови деловни контакти, да ја споделите вашата визија, понуда и да ги запознаете традициите на семејството на вино и да го претставите на светскиот пазар со вашите достигнувања.
Најдете повеќе информации за „Винската визија на отворениот Балкан“на: https://www.fair.openbalkan.com
Фото: openbalkanПР Објава
