Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Винер Осигурување“ го зголеми профитот за 60 отсто

“Винер Осигурување“ го зголеми профитот за 60 отсто
Компанијата ја заврши деловната 2012 година со профит зголемен за 60 отсто во однос на претходната година и како неприкосновен лидер во решавање на штети. Сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и почетокот на 2013 година покажуваат дека осигурителната компанија “Винер – Виена Иншуренс Груп“ продолжува со одличните резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал. Компанијата соопшти дека ја завршила измината година со приходи од 630 милиони денари и со рекорден профит од 32 милиони денари, што е за огромни 60 отсто повеќе од претхдната година. Растот продолжил и во 2013, па така Винер Осигурување само во јануари годинава остварила бруто полисирана премија од 100 милиони денари. Истовремено компанијата е лидер во решавањето на штетите и компанија со најмал број на нерешени штети во државата. Генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов, основата на постојаниот раст ја лоцира меѓу другото и во константното унапредување на високиот квалитет на услуга на клиентите, за кои вели дека се приоритет на компанијата. -Акцентот кој го ставивме на ефикасното и брзо решавање на штетите е вистински начин уште повеќе да се зајакне супериорната постпродажна усуга по која клиентите го препознаваат Винер на пазарот. И покрај константното зголемување на обемот на работа, и засилувањето на тимот со најквалитетните и најперспективните кадри на пазарот, успешно ги контролираме трошоците што ни обебзедува рекорден профит“, вели тој. Од компанијата уште додаваат дека се мошне задоволни што со успешната работа и одличните резултати успеале да придонесат групацијата на која припаѓа “Винер“, Виена Иншуренс Груп да ги зголеми инвестициите во Република Македонија и дека со преземањето на “Кјуби Македонија“, групацијата ќе го заземе лидерското место на пазарот кое според реномето и припаѓа.
Слично

Поврзани вести