Економија, финансии, бизнис

Контакт

Винеа исплати дел од долгот кон лозарите

Винеа исплати дел од долгот кон лозарите
Винаријата Винеа исплати осумдесет проценти од заостанатите долгови кои ги имаше кон лозаропроизводителите од Тиквешко, уште мал дел останува за доисплата од средствата кои винарницата им ги должи на лозарите за грозје откупено пред неколку години, соопшти денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци. - Тоа значи дека вродија со плод напорите кои во изминатиот период ги вложивме како Сојуз заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство за исплата на заостанатите долгови кон производителите на грозје, нагласи Аризанов.
Слично

Поврзани вести