Вината на ВВ „Тиквеш“ во комбинација со македонски специјалитети – вистински хит во Загреб
Винарската визба (ВВ) „Тиквеш“ настапи на Хрватскиот фестивал на храната и виното што се одржа во загрепската „Арена“. Меѓу 300-те излагачи од Австрија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна гора, винарницата беше единствен претставник на винската индустрија од Македонија.
Во рамките на Фестивалот се одржаа 13 вински и 40-тина кулинарски работилници, на кои вински експерти и енолози на љубителите на виното и на добрата храна им ги доближија тајните на енолошко - гастрономското уживање. Меѓу најпосетените презентации беше токму онаа на која претставниците на ВВ „Тиквеш“ на атрактивен начин ја презентираа Македонија како ено-гастро дестинација преку претставување на квалитетните вина од портфолиото на винарницата и секако, македонската храна. Менаџерот за вински туризам Александар Ристовски и Орданчо Унев – Зизи, главен готвач во ресторанот Македонска куќа, кој се наоѓа во винарницата, со извонредно кулинарско-винско шоу го претставија хедонистичкиот спој на македонската храна и виното со сите свои специфики.

„Зајакнувањето на позициите на ВВ „Тиквеш“ на регионалните пазари е еден од стожерите на извозната стратегија на винарницата. Оттука, промоцијата на нашите вина и нивните карактеристики на саеми и фестивали каков што е хрватскиот Фестивал на храната и виното, се особено драгоцени и важни,Во 3-те дена на Фестивалот, штандот на ВВ „Тиквеш“ беше еден од најпосетуваните, а меѓу другите штандот го посетија и хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, познати личности од хрватскиот јавен живот, претставници на хрватската бизнис заедница и други.како за нас, така и за македонското вино. Дотолку повеќе што и годинава се потврди одличното прифаќање и позитивната перцепција кои ги имаат хрватските граѓани за вкусовите од Македонија, вклучително и за вината на ВВ „Тиквеш“, потенцираше Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер во ВВ „Тиквеш“.
Слично