Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вилата на Версаче ќе се продава на аукција за 50 милиони долари!

Вилата на Версаче ќе се продава на аукција за 50 милиони долари!
Вилата во која живееше Џани Версаче во Мајами, на 17 септември ќе се појави на аукција, а се очекува дека ќе ја надмине цената од 50 милиони американски долари. Овој имот, во меѓувреме беше претворен во хотел. Со аукцијата ќе раководи компанијата „Fischer Auction”, од каде што посочуваат дека се надеваат оти вилата ќе биде продадена во рок од 30 минути. Версаче ја купи оваа куќа во 1992 година за 10 милиони долари и подоцна во имотот инвестираше 33 милиони. Вилата со 10 спални соби и 11 бањи гледа кон океанот, а исто така е многу близу до улицата.
Слично

Поврзани вести