Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викендов се одржува 24-тото годишно собрание на АЦИ-Македонија-Здружение на финансиски пазари

Викендов се одржува 24-тото годишно собрание на АЦИ-Македонија-Здружение на финансиски пазари

Оваа сабота во Охрид во Хотел Белведере ќе се одржи 24-тото годишно собрание на АЦИ-Македонија-Здружение на финансиски пазари. 


Здружението постои од 1996 година и во него членуваат девизни трговци-професионалци од сите банки во државата. 

Целта на Здружението е едукација ,воведување на нови финансиски инструменти и размена на искуства од сферата на финансиските пазари. 


Здружението организира семинари,панел дискусии и советувања на кои учествуваат еминентни стручни лица од сите типови на финансиски субјекти од државата и странство. На годинешното Собрание централна тема ќе биде“Инвестициски можности во моментот-предизвик” за новоотворената можност резидентите да инвестираат директно во странски хартии од вредност. 

Ќе биде организирана панел дискусија со следните учесници:

Модератор: Снежана Поповска, CFTe, TTK Банка

Панелисти:

·М-р Горан Марковски, Главен Извршен Директор во КБ Публикум Инвест,

·Коста Ивановски, CFA, Директор на Сектор за Инвестиции во Сава Пензиско Друштво,

·Александар Манев, M.B.A. Економски аналитичар, ко-сопственик на www.faktor.mk

·Драган Илкоски, Директор на Дирекција за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје

Слично

Поврзани вести