Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викендов ќе се прска против комарци

Викендов ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци ќе се изврши во деновите од претстојниот викенд, односно на 06.07 и на 07.07.2013 година , во периодот од 5:30 до 8 часот.

Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) против комарци ќе се одвива во деновите од 08.07.2013 година до 12.07.2013 година (од понеделник до петок), во периодот од 1 до 5  часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден термин кога временските услови ќе бидат поволни, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слично

Поврзани вести