Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд авантура во ЗОО: Џунгла од забава и другарување!

Викенд авантура во ЗОО: Џунгла од забава и другарување!

Зоолошката градина во Скопје, секогаш е спремна и подготвена да ги израдува најмалите и најверните свои посетители. Оваа сабота (утре) во ЗОО Скопје, ќе се оддржи настан за деца и родители, пропратен со многубројни забавни активности исполнети со богата програма за сите присутни.

Сите заинтересирани дечиња ќе имаат можност да вежбаат гиманстички вежби, да пробаат вкусна органска ужинка, да засадат органски семиња, да се едуцираат за бенефитите на органската храна и зошто е добро да се креираат здрави навики. Ќе можат да уживаат во креативна работилница за креирање животни од пластелин, да учествуваат во мини натпревар Скокање со вреќи, да гледаат Анимал Планет, а ќе биде овозможена и face-paining акција, каде што за миг секое дете ќе може да се почуваствува како царот на животните, владетелот на висините и сè што ќе може да посака.

Настанот ќе се оддржи до барот Spizzicotto во склоп на ЗОО Скопје, а истиот ќе трае од 11 до 14:30 часот.

Настанот е во организација на ЗОО Скопје, Интернационалната Градинка Пиколини, Синерџи Фитнес и Спа Центарот, и Балкан Биоцерт.

Слично

Поврзани вести