VIII Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“
Kористењето на научни истражувања во функција на унапредување на индустријата на основни метали e основното мото на 8. Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина, што ќе се одржи во Охрид, од 31 мај до 3 јуни 2018 година.
На Конгресот ќе учествуваат еминентни автори од универзитети, истражувачки центри од голем број држави, од Австрија, Шведска, Украина, Белорусија, Турција, Србија, Бугарија, БиХ, Романија и други држави.
За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација на отворањето ќе говорат директори на најзначајните металуршки капацитети во државата како и гости од странство.
Свеченото отворање на VIII Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, ќе биде на 31 мај 2018 година (четврток), во 9:30 часот, во хотелот „Силекс“ во Охрид.
