Видеолотарија со традиционална крводарителна акција
Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија во хумана мисија. ВоИнститутот за трансфузиона медицина од Скопје, ја реализиравме крводарителната акција, која е убава традиција веќе неколку години.
Видеолотарија Касинос Австрија во соработка соИнститутот за трансфузиона медицина од Скопје, ја реализираше традиционалната акција на дарување крв. Согласно сите протоколи, со голема претпазливост и почит кон мерките за заштита во време на пандемија, вработените даруваа крв.
Крводарителната акцијата, веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме двапати годишно како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности.
Екипата на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не ја криеше благодарноста и задоволството од подарените крвни единици во услови на пандемија.
ПР објава