ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА МОТОЦИКЛИСТИЧКИОТ ШАМПИОН ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ ВО НЕГОВИОТ ПОХОД ЗА ПОБЕДИ ВО 2024
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да гради трајни пријателства. И годинава обезедивмеспонзорска поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, за да му овозможиме да учествувана меѓународни шампионати. Бузалковски е трикатен БМУ шампион.
Видеолотарија останува доследна на своите заложби за поддршка на македонскиот спорт. Под мотото Играј со најдобрите, и годинава ги градиме заедничките релации со победниците. Во таа насока, со задоволство споделуваме дека со ново спонзорство, го поддржуваме македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клубМК СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ Скопје.Средствата одспонзорскиот договор, ќе муовозможат учество на меѓународни шампионати.
„Од април до септември не очекува густ распоред и многу патувања низ Европа. Ќе настапиме повторно на „FIM Европскиот 1000СТК, AlpeAdria интернационалниот шампионат, БМУ Европскиот шампионат, и на Македонскиот шампионат со вкупно 20 натпревари и тоа на патеките во Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Бугарија и Унгарија“, изјави Бузалковски.
Како потсетување, пред неколку дена во Верона, Италија се одржа „Прајсгивингсеремони“, каде беа доделени наградите за престижниот европски шампионат во брзински мотоциклизам. Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал.ХристијанјапретставуваМакедонијавонајдобросветловоовојспорт, па и затоагордогоносиепитетот „трикатен БМУ шампион“.
Спонзорство е дел од стратегијата на ВидеолотаријаКасинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.
