Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА, ГОДИНАВА ПО ВТОР ПАТ

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА, ГОДИНАВА ПО ВТОР ПАТ

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотаријавторпат годинава, по традицијаво хумана мисија. Во просториите на ВидеолотаријаКасинос Австрија, заедно со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме крводарителна акција.

Со дарување крв од страна на вработените, ВидеолотаријаКасинос Австрија во соработка соИнститутот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвен крст, уште еднашуспешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што уште еднаш покажа хуманост на дело. Оваа е втора крводарителна акција оваа година. Првата беше реализирана во јануари. Списокот на вработени кои даруваа крв, беше надополнет и со нашиот бренд амбасадор, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе.

„Крводарителството е доброволна акција, која некому може да му го спаси живот. Постапката за дарување е брза и мошне едноставна, а јас скоро секогаш кога сум во можност, практикувам да се вклучам во вакви хумани активности“-изјави Игор Стефановски Иџе.

Акцијата веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години,  со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.


Слично

Поврзани вести