Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Зошто сокот од домати е совршен додека летате?

Видео: Зошто сокот од домати е совршен додека летате?

Дегустирањето на сок домати на големи височини не е само комерцијален трик со кој се служат повеќе авиокомпании, туку зад неговото користење има низа на причина кои се научно утврдени. 

Додека телото се наоѓа на височина од неколку илјади метри и притисокот е намален во крвните садови има помалку проток на кислород, носот се затнува, а големо влијание врз сетилата има и нискиот степен на влажност во авионите. 

Затоа дегустирањето на сок од домати е совршено бидејќи перцепцијата на сетилата за мирис и вкус е сосема различна, а хранливите состојки помагаат за мачнини и дехидрација. 

Следниот пат кога стјуардесата ќе ви понуди повеќе избори на пијалоци не се двоумете и пробајте го сокот од домати.


Слично

Поврзани вести