Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Знаете ли зошто се вечни тетоважите?

(ВИДЕО) Знаете ли зошто се вечни тетоважите?

Различните облици на тетовирање на телото се во тренд уште многу одамна. Меѓутоа, малку се знае како тие успеваат да се одржат на нашата кожа толку долго, па ни малку не избледуваат.

Со појавата на првите цивилизации, човекот почнал да добива потреба да го нагласи своето место во светот така што на единствен начин го украсува своето тело. Така настанале и првите тетоважи. Една од најраните пронајдени е на перуанска мумија од 6000 година пред Христа, а првата модерна машина за тетовирање ја патентирал познатиот пронаоѓач Томас Едисон во 1876 година.

Иако многумина во денешно време имаат храброст да одат кај tatoo-мајстор за да на одредени делови од телото им нацрта вистинско уметничко дело, малкумина знаат како нашата кожа во текот на своето обновување не успева да се оттргне од овој во неа вештачки вбризган пигмент. 

Во ова видео-лекција ќе пронајдете одговор на ова, но и многу други прашања во врска со тетовирањето.

Слично

Поврзани вести