Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Здравко Чолиќ и бил дечко на Тијана на четири години

(ВИДЕО) Здравко Чолиќ и бил дечко на Тијана на четири години

На пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ и се исполни детскиот сон. Како дел од имитаторите во четвртата сезона на познатото Тв шоу “Твоето лице звучи познато”, таа ја доби задачата (и успеа) да го симне Здравко Чолиќ, со кореографијата во познатиот хит ”Главо луда” од 1978 година. Токму тој настап на Здравко со легендарната танцувачка група ”Локици“, Тијана вели дека го знае на памет уште од мала.

„Секој лик за имитација сам по себе е предизвик. На секој лик му пристапив со сериозна подготовка, не само вокално, туку и физички. Го студирам ликот подетално, и го обликувам од секој аспект. Некои се бескрајно инспиративни и предизвикувачки, а некои се толку лесни и податливи за беспрекорна и брза подготовка, во случајов мојата прва задача, како на пример Здравко Чолиќ со „ Главо луда“ . Тоа беше оној ТВ настап со чудесните „ Седморица младих “ како „ Локици “ кој го знам на памет со децении наназад, вели Тијана и додава дека е многу напорно, но е и голема радост да се работи на ваков проект. “Бескрајно е забавно на снимањата и на пробите и мислам дека ова шоу е феноменално освежување за целиот регион, а особено за македонската публика”, изјави Тијана за Женски магазин.

 “Здравко Чолиќ ми беше дечко на четири години”, рече Тијана кога ја доби задачата да го имитира.


Целото интервју со Тијана прочитајте го на Женски магазин тука.

Слично

Поврзани вести