(ВИДЕО) Задоволство за секој: Најубавите хотелски базени
Едни од неверојатните архитектонски градби секако се базените. Плаво небесна боја или вода слична на бојата на тревата, на последниот кат во хотелот или во срцето на дворот, на ваквите гледки никој не останува рамнодушен.
Благодарение на своите димензии, облици, како и идеалните комбинации на бои, овие базени можеби се најпривлечната летна дестинација на многу туристи, и како такви, претставуваат круна на светските хотели од кои се дел.
Изгледа дека и еден час поминат во кристално чистата вода на еден ваков луксузен базен, во неверојатните места низ светот, би бил доволен да го почувствувате летото - уживајќи со освежителен овошен коктел, тивка музика, мирис на вода и топли сончеви зраци.
Погледнете ја компилацијата на најубавите хотелски базени ширум светот и уживајте во глетките кои љубителите на летото и пливањето ќе ги остават без здив.
