Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Забранета е рекламата на Несквик со чоколадниот зајак – ПОРАДИ ИЗМАМА

(ВИДЕО) Забранета е рекламата на Несквик со чоколадниот зајак – ПОРАДИ ИЗМАМА

Рекламата на Нестле, со зајакот кој го промовира напитокот на Несквик, е забранета во Велика Британија поради пораката дека тоа е напиток „за најдобар почеток на денот“ а производот содржи висок процент на шекер, пишува „Фајнелшл тајм“.

Лобистичката група „Децка храна“ (Children”s Food Campaign) испратила жалба до регулаторот за рекламните стандарди (Advertising Standards Authority, ASA), тврдејќи дека рекламата, поточно користењето на ликот со зајакот и пораката „најдобар почеток“, ги охрабрува лошите прехрамбени навики кај децата.

Од Нестле ги отфрлиле обвинувањата, велејќи дека зајакот не е во фокусот на рекламата, и дека тој е „внимателно осмислен како физички активен, енергичен лик кој може да промовира здрав начин на живот“.

Прехрамбената компанија додала дека рекламната порака „За најдобар почеток на денот“ нема претерана потрошувачка, повеќе укажува на Несквик како потенцијален артикал за цела фамилија кое може да се најде на менито за доручек со друга храна.

„Како друштвено одговорен произведувач секогаш ги слушаме критиките и ги тргаме сите нејаснотии и ги убедуваме потрошувачите дека нема да го користиме слоганот „За најдобар почеток на денот“, а активно работиме и на ефикасниот удел на шеќери во производите“, порачуваат од Нестле.

Од компанијата признале дека во три лажици Несквик во 200 милилитри млеко содржи 2о,2 грама шеќер, додека 9,6 грама потекнуваат од полубрановото млеко кое се користи во производот на тој артикал.

Погледнете ја спорната реклама, но на руски јазик (англиската верзија е тргната од видео каналот)

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/n5a_gPpGqUE[/embed]

Слично

Поврзани вести