(ВИДЕО) ЗАБОРАВЕТЕ СЕ ШТО ВИДОВТЕ ДОСЕГА: Стигнува најјакиот телефон виден досега!
Компанијата „Turing Robotics Industries“ го најави паметниот телефон „Turing Monolith Chaconne“, кој по своите карактеристики ќе биде вистински змеј меѓу мобилните телефони.
Ќе има екран со големина од 6,4 инчи кој ќе нуди 4к квалитет на сликата и три работни мемории од по 6 GB, што значи дека севкупно ќе има дури 18 GB работна меморија.
Во него ќе бидат „Snapdragon 830“ процесори а внатрешниот простор ќе изнесува три пати по 256 GB, а ќе може да се прошири на уште 512 GB по пат на мемориска картичка.
Овој гигант од смартфон ќе има и камера од 60 MP со трикратен објектив, додека предната камера ќе има 20 MP.
Се шпекулира дека телефонот на пазарот ќе излезе во 2018 година, но многумина се уште се скептични дека TRI воопшто ќе го пушти овој монструм во слободна продажба.
