Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА АСТРОНОМИЈАТА: Поглед на минатата година од вселената!

(ВИДЕО) ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА АСТРОНОМИЈАТА: Поглед на минатата година од вселената!

Огромна колекција на фотографии кои од Меѓународната вселенска станица ја направил германскиот астронаут Александар Герст е искористена да се направи краток преглед како астронаутите ја виделе Земјата оваа година. Компилацијата воедно е намената и како подарок од астронаутите на луѓето на Третиот камен од Сонцето.

Последната тура на астронаутите на МВС поминале пет ипол месеци,а  на Земјата се вратиле пред месец дена, слетувајќи во казахстанска карпа. Меѓу нив бил и  Александар Герст, припадник на германскиот тим на Европската агенција за истражување од вселената, кој поставил камери низ целата станица за да ја овековечи убавината на Земјата.

Кога се вратил триесет и осум годишниот астронаут направил компилација од  12.500 фотографии, а завршните снимки никој не  го оставаат рамнодушен.

Aleksander Gerst

„Преубав поглед на аурора, изгрејсонце, облаци, звезди, океан, Млечен пат, молњи, градови во ноќ, вселенски летала и тенок слој на атмосферата која не штити“, е официјалниот опис на Европската агенција за истражување на вселената.

Објавените снимки ги соединил и се новогодишен подарок за сите жители на Земјата од астронаутите од МВС ( Меѓународната вселенска станица).

Слично

Поврзани вести