Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“

(ВИДЕО) Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“

УНИБанка и вработените се вклучија во светскиот предизвик Jerusalema Challenge.

23 вработени од Банката на 20 декември се вклучија во овој Флешмоб и ја танцуваа познатата кореографија пред експозитурата на Плоштад Македонија.

„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат na познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“, стои во описот на видеото. 


Предизвикот за танцување започна во февруари 2020 година, бидејќи Ковид-19 предизвика блокирање во африканските земји како и во повеќето делови на светот. Тоа беше група од шест пријатели - четворица мажи и две жени - во Ангола, кои направија видео како танцуваат. Ова наскоро беше наречено # Jerusalemachallenge или #Jerusalemadancechallenge откако слични видеа се појавија од делови од Европа, Северна Америка и Јужна Америка.

Песната испеана на еден од 11-те национални јазици во Јужна Африка, е молитва до Бога да ја однесе пејачката во светиот град Ерусалим.

Слично

Поврзани вести