Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) „Кањо Кристалес“ најубавата река на светот?

(ВИДЕО-ФОТО) „Кањо Кристалес“ најубавата река на светот?

Реката „Кањо Кристалес“ еден период не беше достапна за туристите поради герилските судири во Колумбија. За посети е отворена од 2009 година. Во реката може да се види голем спектар на бои, од жолта и зелена, преку плава и црна до најизразената црвена. Црвената боја на оваа река е толку впечатлива поради требата која расте на нејзиното дно  (Macarenia clavigera).

Реката уште ја нарекуваат „Реката на пет бои“ , „Течното виножито“ или „Реката која тече во рајот“.

Реката „Кањо Кристалес“ изгледа како некое место од приказните на Библијата. Всушност, оваа река не се разликува по ништо од другите во Колумбија. Сепак во краток период секоја година, во оваа река се случува експлозија на бои.

Билката „Macarenia clavigera“ во точно одреден период, во текот на менување на сушните и влажни сезони, цвета во неверојатни црвени цветови. Да биде сликата уште поубава, тука е жолтиот и зелен песок на речното дно, плавата вода и илјадниците нијанси помеѓу овие бои.

Слично

Поврзани вести