Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Кинеските ресторани служат роботи!

(ВИДЕО) Во Кинеските ресторани служат роботи!

Ако патот ве однесе во Кина, немојте премногу да се чудите кога во некои од нивните ресторани наместо келнер здогледате-робот.

Како што пишува Бизнис Инсајдер, еден ресторан во Кина веќе користи неколку роботи кои се „обучени“ за припрема на храна, прием на гости и послужување.

Според сопственикот на ресторанот Сонг Југанг, цената на роботот е еднаква на годишната плата на работникот (околу 6500 долари), но како роботите не се вешти во некои кујнски работи и дека му е потребна и човечка работна сила.

Од друга страна предноста на роботите е што никогаш не се разболуваат и не бараат годишен одмор - за да ги наполнат батериите потребна им е само струја, а после двочасовното полнење се подготвени за 5-часовна работна смена.

 
Слично

Поврзани вести