(ВИДЕО) Внимавајте со ловот на Покемони, бидејќи може да ви се случи ова …
Момчиња од швајцарскиот град Базел си направија одлична забава со сепоголемиот број „ловци на Покемони“.
Љубителите на сензационалната игра „Pokemon GO„ кои можеме да ги видиме на секој агол, загледани во своите телефони, беа непријатно изненадени од неколку шегобијци, облечени во жолти костуми, исто како ликовите во Покемон.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, момчињата го обиколуваа градот, движејќи се со комбе и вооружени со огромни гумени топки, со кои имаат за цел Покемон-ловци. Некои си го добија заслуженото, а други поминаа само со страв :)
Погледнете го забавното видео:
Слично
