Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВНИМАНИЕ: На интернет кружи видео кое ги блокира iPhone телефоните

(ВИДЕО) ВНИМАНИЕ: На интернет кружи видео кое ги блокира iPhone телефоните

Иако трае само три секунди, ова видео вашиот мобилен ќе го направи неупотреблив.

Видеото кое се појави на руската социјална мрежа изгледа ги руши ајфон уредите, пренесува Wired. 

Иницијалните извештаи укажуваат на тоа дека видеото после гледање во Сафари интернет пребарувачот ги прави уредите на Епл, вклучувајќи го Ајфонот, неупотребливи. Проблемот е можно да се реши само со целосно ресетирање на уредите.

„EverythingApplePro“ прв го детектирал проблемот, па е откриено дека видеото во mp4 формат ги руши уредите неврзано за инсталираната верзија на iOS.

На видеото кое го објави овој корисник на јутјуб, може да се види како телефоните постепено забавуваат веднаш по покренувањето на видеото, за да набрзо после тоа станат целосно неупотребливи.


Слично

Поврзани вести