(ВИДЕО) ВЛЕЗЕТЕ ВО НАЈСКАПАТА КУЌА ВО ЕВРОПА: За неа се бараат 455 милиони долари
Најскапата куќа во Европа ја дизајнирал унгарскиот архитект Анти Ловаг, а се градела од 1975 до 1989 година. Изгледа како грст меурчиња, а за неа треба да се издвојат дури 455 милиони долари.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/oAjcLQeQLFw[/embed]
Palais Bulles е популарно име за куќата во Канес, која воедно е и најскапа куќа во Европа, според Кристисовата листа. Името е јасно бидејќи на прв поглед куќата оставува впечаток на секој-футуристичка куќа дизајнирана е да изгледа како насобрани меурчиња.
Изградена е за славниот моден дизјанер Пјер Кардин, кој можел да ужива во 10 спални соби и голема дневна соба, со пространи дворови заедно со базени и езерца.
Но , за да станете сопственик на овој имот треба да бидете меѓу екстремно богатите, бидејќи вредноста на куќата е 455 милиони долари.
Ви нудиме да прошетате низ неа, преку фотографиите во продолжение.
Слично








