Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вака изгледа најубавата канцеларија во светот

(ВИДЕО) Вака изгледа најубавата канцеларија  во светот

Многу компании не обрнуваат внимание на тоа како изгледа работниот простор на нивните вработени. Шпанската компанија "Selgas Kano"не е една од нив.

За да заработат добри плати, потребно е работниците да го дадат својот максимум, а за да го сторат тоа, важно е да бидат задоволни и среќени. Голема улога во сето ова игра и работната средина.

За шпанската компанија "Selgas Kano", тоа е кристално јасно.

Оваа фирма, која се занимава со архитектура и дизајн, има канцеларија во средината на дивината на Мадрид и е прогласена за една од најубавите во светот!


Ентериерот, екстериерот како и локацијата се идеи на архитектите Jose Selgas и Lucia Cano, кои сметаат дека дневната светлина, свеж воздух и детали во разни бои се најважни за стимулирање на продуктивноста.

Како целосна спротивност на класичните канцеларии -полупразни соби полни со вештачка светлина, оваа канцеларија е вистинска работна оаза, мирно место со прекрасен поглед кое овозможува задоволство, прифаќање и исполнување на работните задачи.


Слично

Поврзани вести