Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вака е откриена еболата во 1976 година

(ВИДЕО) Вака е откриена еболата во 1976 година

Во моментов се случува најголемата епидемија на ебола во Западна Африка со преку десет илјади инфицирани, а Белгиските новини објавија ретко видео направено во 1976 година на кое се покажува како еболата прв пат е откриена.

Видео снимките прикажуваат истражувачи кои ги предводи белгискиот научник Питер Пиот и нивното патување во село Јамбука во тогашната република Заири.

Научниците отишле таму мислејќи дека е во прашање упте еден случај на Марбург вирусот - страшна грозница откриена неколку години порано.

 Сепак, тие откриле потполно нов вирус кој денеска се знае по името ебола, а е наречено така по истоимената река која се наоѓа во близина на ова село.

Видеото покажува дека и тогаш научниците биле многу внимателни кога е во прашање овој вирус.

Слично

Поврзани вести