(ВИДЕО) ТОП СИКРЕТ: Тајното вселенско летало слета после две години надвор од земјата!
Тајното американско летало слета вчера на југот на Калифорнија после две години поминати во орбитата околу Земјата.
Претставници во базата на американските воздушни сили Вандерберг рекле дека леталото синоќа слетало во таа база после двегодишната тајна мисија.
За тоа што правело леталото во орбитата долго се шпекулираше. Неколку експерти изнесуваа теории дека носела шпиунска опрема. Некои теории звучат како да се извлечени од шпиунските филмови, како оние дека леталото можело да зароби сателити на други држави или да ја следи кинеската вселенска лабараторија.
Слично
