(ВИДЕО) Светот полуде по хрватска апликација: Решава најсложени математички задачи!
PhotoMath е апликација која решава математички задачи, а идејниот основач е Дамир Собол (46). Во американската мобилна трговија апликацијата PhotoMath е прва, а ја превземаат и деца и возрасни.
Апликацијата на хрватскиот творец лесно стана светски хит откако во Лондон влегла за европското финале за најдобра startup фирма. Апликацијата е прилично едноставна, а работи така што ја скенира задачата, потоа нуди нејзино решение со целосна постапка на решавање.
„На идејата дојдов кога морав на своите деца да им ја проверувам домашната задача. Ми одземаше премногу време па одлучив да го поедноставам тој процес“, рекол Собеол за медиумите објаснувајќи дека технологијата на апликацијата е еднаква на онаа апликација со која можат да се плаќаат сметки.
PhotoMath освен јавноста ги заинтересирал и големите светски вложувачи, од Американците, Јапонците, Германците, па се до Израелците.
