Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА НА НАУЧНИЦИТЕ: Не чекаат незапамтени горештини!

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА НА НАУЧНИЦИТЕ: Не чекаат незапамтени горештини!

Ако продолжиме со ова темпо да ги трошиме фосилните горива, количината на јаглен диоксид (CO2) во атмосферата би можела да се зголеми до застрашувачки размери.

Доколку истовремено не се стави под контрола ефектот на стаклената градина (емисија на стакленички плинови) планетата би можела да се загрее до температури какви што немало 420 милиони години.


Количината на јаглен диоксид во  атмосферата би можела да скокне од 400 ppm на повеќе од 900 ppm (честици на милион). Исто така, некои истражувања предупредуваат дека тој број би можел да достигне и алармантна цифра од 5000 до 2400 година, доколку луѓето ги потрошат сите фосилни горива на Земјата.

Некои студии говорат за огромно влијание на луѓето на климата, која милиони години била стабилна без нашето влијание. Предупредуваат дека постои опасност дека во нареден период ќе дојде до невидено загревање на планетата, кои би го загрозило животот на неа.


Тоа значи дека доколку продолжиме со досегашната пракса и трендови на загревање, до 2300 година Земјата би можела да се загрее за 8,8 Целзиусови. Тоа би предизвикало и промени во количината на вегетација или количината на јаглен диоксид кои можат да ги апсорбираат океаните , што повторно би влијаело на дополнителен раст на температурата.

Иако Сонцето со милиони години се загревало. климата на земјата била релативно стабилна поради долготрајното намалување на нивото на CO2, сметаат научници. Индустриската револуција, меѓутоа повторно довела до висок пораст на јаглед диоксидот што доколку не се преземат драстични мерки, би можело да доведе до уривање на сите температурни рекорди.

Слично

Поврзани вести