Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стигна најочекуваната божиќна реклама и овој пат нема да ве растажи!

(ВИДЕО) Стигна најочекуваната божиќна реклама и овој пат нема да ве растажи!

Една од најочекуваните реклами е пред нас и прв пат после долги години нема да ве расплаче. После минатогодишната приказна за осамениот старец на Месечината, брендот „John Lewis“ оваа година избра нешто повесела приказна.

Во двеминутната реклама главната улога ја имаат боксерот Бустер и девојчето Бриџит која обожава да скока. Нејзиниот татко ќе ја изненади со трамполина на божиќното утро и додека таа воодушевено трча кон својата нова играчка, во последниот час ја претекнува Бустер, скокнува на трамполината и ги покажува своите вештини во скокање додека таа во шок го набљудува.

За песната која цело време свири во позадина ја избрале cover верзијата „One Day I'll Fly Away“ на Randy Crawford во изведба Blythe Pepino од британскиот бренд Vaults.

Секако, Бустер веднаш стана ѕвезда, но ќе видиме дали оваа нова реклама ќе добие успех како и ланската. Имено, минатогодишната е прегледана повеќе од 23 милиони пати на Јутјуб.


Првата божиќна реклама на John Lewis е „родена“ во 2007 година, а потсетете се на оние кои навистина ги воодушевиле гледачите.





Слично

Поврзани вести