(ВИДЕО) Solaborate – социјална мрежа создадена за професионалци
Социјалната мрежа Solaborate, креирана за професионалци, е целосно изработена во Македонија.
Solaborate ја започна својата приказна пред две години, а на 22 октомври минатата година ја објави својата прва официјална бета верзија и тоа само неколу месеци откако компанијата доби инвестиции од 1 милион $ со цел усовршување на платформата.
Седиштето на Solaborate се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија, исто така има мал маркетинг тим во Косово, а целата изработка се случува тука, во Македонија.
Solaborate е социјална платформа која е целосно посветена на професионалците од областа на технологиите и нејзината цел е да овозможи централно место каде што тие би се поврзувале меѓусебно, би ги промовирале своите компании, производи и услуги. Solaborate се стреми да им ги овозможи сите алатки за остварување на лична и професионална комуникација и да им го олесни секојдневното функционирање било да се во своите канцеларии или пак во движење.
Некои од алатките кои Solaborate ги нуди се:
- Подобар начин да го менаџирате своето професионално присуство на социјалните медиуми;
- Професионален профил за Вас, вашата компанија, како и за вашите производи и услуги;
- Инстант пораки помеѓу корисници, компании како и корисник со компанија и обратно;
- Меѓусебни чат, аудио и видео повици;
- Групни аудио и видео конференции ;
- Споделување на фотографии и мултимедијални содржини преку чат и инстант пораки;
- Споделување на вашиот екран со еден или група корисници директно преку вашиот чат, без користење на никакви плагини;
- Прашања и одговори;
- Креирање на огласи за работа во име на корисник, компанија или производ како и аплицирање на истите директно од вашиот профил;
- Креирање демо верзии за вашите производи ;
- Организација и споделување на настани;
- Увид на вашите активности во реално време, како и на активностите на вашите компании и призводи;
- Креирање на анкети;
- Креирање на блогови на самиот профил;
- И многу други активности.
Слично
